Премиер лигата донесе одлука: Дуелот меѓу Ливерпул и Јунајтед - ќе се игра

Натпреварувачката комисија на Премиер лигата денеска точно напладне по британско време донесе одлука, дуелот меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед да се игра по однапред планираниот распоред.

Во текот на вчерашниот ден, Националната метеролошка служба на Англија предупреди дека регионот каде што е и Ливерпул денеска би можел да биде погоден од снежно невреме. Се очекуваше интензивен снег, придружен со источен ветар, а се прогнозираше дека невремето може да предизвика нарушување во сообраќајот, доцнење, па дури и откажување на летови и возови. 

Сепак, денеска е утврдено дека таква опасност не постои со тоа што Ливерпул ги предупреди своите навивачи дополнително да внимаваат додека патуваат кон Енфилд и да се прилагодат на временските и сообраќајните услови. Во градот денеска има снег, но фудбалските власти сметаат дека тоа не е пречка за натпреварот да биде одигран.