Ц. Звезда тренерот кој ја води кон плејофот во Евролигата го награди со - нов договор!

Тренерот на Црвена Звезда, Јанис Сферопулос, постигна договор за продолжување на соработката со клубот од Белград, според кој ќе остане на клупата на црвено-белите до 2027 година.

Оваа одлука доаѓа по успешните резултати кои грчкиот стратег ги постигна со тимот, особено во Евролигата. Црвено-белите сезонава имаат учинок со 11 победи и 8 порази во најсилното клупско европско натпреварување, што им носи пласман на шестото место, позиција која води директно во плејофот. Сферопулос минатата сезона го предводеше тимот до три трофеи и тоа во АБА лигата, Купот на Радивој Кораќ и Кошаркарската лига на Србија (КЛС).

Грчкиот тренер повеќепати нагласуваше дека се чувствува одлично во Белград и има желба да стане дел од историјата на клубот.