Белингам во „одмаздничка“ мисија – проба со вода да го испрска Димитриевски (ВИДЕО)

Главната тема во шпанските спортски медиуми останува натпреварот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид, кој заврши со многу контроверзи на теренот.

Македонски голман, Столе Димитриевски, беше во центарот на вниманието, откако доби удар од бразилскиот напаѓач Винисиус Жуниор, по што напаѓачот на Реал заслужено беше исклучен од игра. Меѓутоа, дополнителна снимка открива уште еден контроверзен момент што останал незабележан од судиите. Џуд Белингам веднаш по исклучувањето на Винисиус се приближил до Димитриевски со шише вода и се обидел да го испрска. Овој потег помина без санкции бидејќи фокусот на публиката и судиите беше насочен кон бурната реакција на Винисиус, кој проба физички да го нападне главниот судија.

Сега останува отворено прашањето дали дополнителни дисциплински мерки ќе бидат преземени за неспортското однесување на англискиот репрезентативец за грдиот потег што не беше „уловен“ од камерите за време на преносот.