Диме Димов во егзотична земја ќе се бори за титулата!
30-годишниот одбрамбен фудбалер од Локомотив Софија заминува во Индонезија како слободен играч.
Тој стави потпис на договор со Персебаја, клуб кој се натпреварува во најдобрата лига во Индонезија и во моментов е второпласиран на табелата.
Димов веднаш се стави во погон, почна со тренинзи и ќе конкурира веќе за следниот меч на Персебаја кој е за шест дена.
Во кариерата Димов настапуваше за Локомотив, Брера, Хоризонт Турново, Гостивар, Кожуф и Металург.