Филип Деспотовски веќе не е тренер на Кожуф

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, а сегашен тренер, Филип Деспотовски информираше дека веќе не е тренер на второлигашот Кожуф од Гевгелија.

Нова тренерска смена во македонскиот фудбал, Кожуф ќе добие нов тренер откако Деспотовски ја објави разделбата со гевгелискиот клуб.

„Со љубов ја извршував функцијата шеф на стручен штаб на ФК Кожуф. Го сакам фудбалот како играч во минатото и сега како тренер и од тие позиции им ја пренесов мојата љубов и знаење на многу млади играчи од младинската школа на ФК Кожуф. Им дадов шанса да го искусат натпреварувачкиот дух и да добијат место во првиот тим. Од мене се очекуваше да го однесам и задржам клубот на средината на табелата во склад со условите и можностите кои беа понудени. На играчите им посакувам успеси во наредната сезона“, напиша Деспотовски на социјалните мрежи.

По 15 одиграни кола во Втората лига Кожуф се наоѓа на 9. место на табелата, далеку од опасната зона и далеку од екипите кои се борат за влез во ПМФЛ.