Рашфорд ќе си ја бара среќата во Серија А?

Манчестер јунајтед има ужасна сезона, а во немилост на тренерот Рубен Аморим падна талентираниот англиски репрезентативец Маркус Рашфорд, кој наскоро би можел да го напушти премиерлигашот.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Рашфорд размислува да го напушти „Олд Трафорд“ затоа што не добива шанса кај новиот тренер, а како една од можните дестинации се споменува Милан.

Милан е еден од клубовите кои се подготвени да преговараат со „ѓаволите“ за позајмица на Рашфорд, а најверојатно тоа делува и како реална опција за Англичанецот.

Рашфорд оваа сезона настапи на 24 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна седум голови и три асистенции.