Невил и Карагер се фатија за лопатата, го чистат Енфилд за да се одржи дербито! (ВИДЕО)

Поранешните славни фудбалери, а сегашни фудбалски критичари на „Скај Спорт“, Гери Невил и Џејми Карагер го чистеа Енфилд од снег во пресрет на големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Снежното невреме во Ливерпул во неизвесност го стави одржувањето на дерби мечот, но беше одлучено дуелот да се одржи.

Снегот е исчистен, а за лопата се фатија и Гери Невил и Џејми Карагер.

Интересно, во еден момент Невил фрлаше снег на теренот со цел да се одложи мечот бидејќи неговиот Манчестер јунајтед е во лоша форма, а од друга страна Џејми Карагер чистеше со цел дуелот да се одржи поради страшниот налет на Ливерпул оваа сезона.