Воска промовираше три засилувања - двајца Финци и Словенец!

Воска Спорт сериозно се засилува за вториот дел од сезоната, најавен е и нов сопственик со кој амбициите ќе бидат повисоки.

Денеска охридскиот тим промовираше тројца нови фудбалери, еден е од Словенија, а двајца се од Финска. Сите тројца потпишаа договори на година ипол.

Филип Валенчиќ е засилувањето од Словенија, тој игра на позицијата офанзивен играч за врска, но може да се користи и како напаѓач. Има 32 години и последен негов тим е Хонка од Финска. Во кариерата има играно за клубови како Олимпија Љубљана, Монца, Нотс Каунти, Хелсинки...

Туре Сира е 30-годишен фински фудбалер кој игра како фудбалер во средниот ред. Во Воска доаѓа од тимот на Хака од Финска.

И вториот Финец доаѓа од Хака, се работи за 21-годишен фудбалер, Оива Лаксонен. Овој играч настапува по крилните позиции.