Нови главоболки за Мареска: Фудбалер на Челси ја заврши сезоната!?

По добриот старт на сезоната на клупата на Челси, тренерот Енцо Мареска запиша неколку лоши резултати, а сега има и дополнителен проблем поради повредени фудбалери.

Мареска откри дека се повредени Бадиашил и Весли Фофана, чија повреда е многу посериозна од тоа што се мислеше на почетокот.

„За жал, постои ризик Фофана да паузира цела сезона. Требаше да паузира пет недели, но дополнителните медицински прегледи ни дадоа лоши вести. Уште не знаеме што ќе се случи, но најверојатно ќе останеме без него до крајот“, кажа Мареска.