Градско дерби во финалето од Суперкупот: Милан со пресврт до победа против Јуве (ВИДЕО)

Милан му се придружи на Интер во финалето од италијанскиот Суперкуп откако вечерва славеше со 2-1 во дуелот со Јувентус.

До триумфот „росонерите“ стигнаа со пресврт во второто полувреме откако првите 45 минути завршија со водство на Јуве од 1-0. Стрелец на голот беше Јилдиз во 21. минута, но во вториот дел прво Пулишиќ израмни од пенал, а потоа Гати си постигна автогол за целосен пресврт на Милан.

Интер и Милан последен пат се бореа за трофејот во Суперкупот во 2022 година кога уште се играше по стариот систем. В понеделник „нераѕурите“ ќе се обиде да го освои деветтиот пехар со што би се израмнил со рекордерот Јувентус, додека Милан ќе игра за осмиот трофеј во ова натпреварување.