Дембеле херој, ПСЖ со гол во 92. минута до трофејот во Суперкупот (ВИДЕО)
Влезе ПСЖ како фаворит во натпреварот, но долго време се мачеше да го скрши отпорот на цврстиот Монако.
На натпреварот ја немаше вообичаената атмосфера поради бојкотот на навивачите натпреварот да се игра надвор од границите на Франција.
Во текот на целиот натпревар гледавме активна игра и шанси, сепак моментот на одлука се случи во 92. минута кога погоди Дембеле по асистенцијата на Руиз.
За ПСЖ ова беше рекордна 13. титула во Суперкупот, далеку зад „светците“ втор најтрофеен е Лион со осум.