Роналдо доби бизарна понуда од клуб од Молдавија

Кристијано Роналдо има договор со Ал Наср до крајот на сезоната, по што најверојатно ќе заигра за друга екипа. Иако е пред крајот на кариерата, сепак за него владее голем интерес од многу екипи, а сега доби и една бизарна понуда.

Во изминатите денови главна тема беше идејата на Ал Хилал да го ангажира Роналдо, кој треба да го „замени“ Нејмар во екипата, но сега доаѓа понуда од Молдавија.

Седмопласираниот тим во молдавскиот шампионат, Дачија Бујукани нема пари да му понуди висока плата на Роналдо, но затоа има алтернативно решение.

Клубот му нуди место на Роналдо во клупската администрација, а можност и да работи како шеф на Академијата или тренер во младинските категории.