Мајами прокоцка +17 за 10 минути и загуби од Сакраменто (ВИДЕО)
Драматичен беше целиот натпревар, но посебно во последната четвртина, каде што Мајами имаше водство од 17 поени на 11 минути до крајот, но не беа доволни за победа.
Сакраменто имаше сила да израмни на 102-102, да се избори за продолжение и потоа да го скрши ривалот со 123-118.
Најефикасен во победничкиот тим беше Демар Дерозан со 30 поени, додека Малик Монк запиша 23 поени. Српскиот кошаркар Никола Јовиќ го заврши мечот со 12 поени и три скокови.
Резултати:
Детроит – Портланд 118-115
Филаделфија – Феникс 99-109
Бруклин – Индијана 99-113
Њујорк – Орландо 94-103
Торонто – Милвоки 104-128
Чикаго – Сан Антонио 114-110
Мемфис – Далас 119-104
Минесота – Лос Анџелес Клиперс 108-106