Пеколна најава за Мундијалот: Масовна тепачка на ракометарите на Словенија и Катар (ВИДЕО)

На една недела пред почетокот на Светското ракометно првенство, очигледно се вжештува атмосферата за што доказ е вчерашниот меч меѓу Словенија и Катар.

Словенците славеа со 38-30, но натпреварот го одбележа масовна тепачка која изби во 53. минута. При водство на Словенија од четири разлика, Катар беше во напад, а еден словенечки ракометар остана да лежи на подот затоа што прими незгоден удар. Блаж Јанц го оттурна Франкис Марз, овој исто така заврши на под, но потоа стана и го удри противничкиот играч меѓу нозете по што зовреа страстите.

На теренот влетаа ракометарите на двете екипи, дојде до голема гужва, имаше и удари, а Марз за својот потег доби син картон.