Вардар се засили со голманот Талески (ФОТО)

Македонскиот голман Давор Талески кој неодамна ја напушти Шкендија, денеска потпиша договор со најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Талески во Првата лига досега има 165 настапи, а дури на 57 од нив ја има зачувано својата мрежа и треба да биде големо засилување за „црвено-црните“ во продолжение од сезоната.

Искусниот чувар на мрежата досега во кариерата бранеше за Победа, Струга, Пелистер, Металург, 11 Октомври, Хонка од Финска и Лариса од Грција.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by FK Vardar (@fkvardar)