Повеќе го сака: Анчелоти го избра Винисиус пред Мбапе, Белингам и Модриќ!

Бразилскиот репрезентативец, Винисиус Жуниор, кој неодамна доби суспензија од два натпревари поради неспортски потег кон македонскиот голман Столе Димитриевски, доби уште една добра вест, откако тренерот Карло Анчелоти решил да му ја додели улогата на прв изведувач на пенали.

Според Мигел Анхел Дијаз, новинар познат по инсајдерските информации за Реал Мадрид, одлуката следи откако досегашните изведувачи, Килијан Мбапе и Џуд Белингем, не успеаја да реализираат удари од белата точка во последните натпревари. Анчелоти по промашувањето на Белингем најави дека ќе донесе ново решение за пеналите, а Винисиус ќе ја преземе одговорноста кога е на теренот.

Бразилецот ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас и Реал Ваљадолид поради суспензијата, но ќе биде достапен за шпанскиот Суперкуп, каде што „кралевите“ утре се среќаваат со Мајорка.