Курти не штеди, фудбалерите на Косово ќе добијат голем бонус за - пласман на СП!

Премиерот на Косово, Албин Курти вети големи бонуси за фудбалерите пред бараж натпреварите за пласман на Светското фудбалско првенство.

Косово денеска гостува на Словачка во полуфиналниот бараж натпревар за пласман на Мундијалот, а доколку победи ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Турција и Романија.

Косовската влада одвои 250.000 евра за самиот пласман во баражите, а доколку ја минат Словачка, фудбалерите на Косово ќе поделат 500.000 евра.

Наградата за пласман на Светското првенство е милион евра.

Ова е бонус само од косовската влада, фудбалерите би добиле и сериозни суми од Фудбалската федерација на Косово.