Македонците веќе го наполнија Ирскиот паб во Копенхаген - ечи навивачка песна! (ВИДЕО)

Голем дел од македонските навивачи кои отпатуваа во Копенхаген да ја бодрат Македонија во важниот меч против Данска, веќе се на зборното место во Стариот ирски паб во Копенхаген и почнаа да се загреваат.

Се пие пиво и ечи навивачка песна од грлата на Македонците кои веруваат во ново чудо.