Тренерот на Сабах: Ме заболе вратот од играта на Барселона!

Валдaс Дамбраускас, тренерот на Сабах од Азербејџан, на интересен начин ја опиша играта на Барселона по убедливиот пораз од 1-4 во петтото коло од Лигата на шампионите (ЛШ).

Литванскиот стратег беше импресиониран од брзината и прецизноста со која фудбалерите на каталонскиот гигант ја разменуваа топката, па на прес-конференцијата откри дека дури и него го заболел вратот додека го следел нивното движење на теренот.

„Барселона толку добро ја додаваше топката што ме заболе вратот од постојаното гледање лево-десно. Можам само да замислам низ што минуваа моите играчи на теренот и колку енергија потрошија“, кажа Думбраускас.

Фото: Facebook/Sabah FC