Гвардиола без дилема: Никој нема да го достигне нивото на Меси!

Еден од најдобрите тренери во светот, Пеп Гвардиола смета дека никогаш нема да се појави фудбалер кој ќе го достигне нивото на Лионел Меси.

Шпанскиот стратег го тренираше Меси во Барселона и е запознаен со квалитетите на аргентинската фудбалска ѕвезда.

„Мислам дека нема никој да го достигне нивото на Меси. Не верувам дека ќе видам такво нешто во мојот живот. Има добри играчи, но да го одржуваш тоа ниво 15 или 20 години, на секои три дена? Не гледам дека е возможно“, кажа Гвардиола.