Милан нуди 70 милиони евра за Ендрик, но Реал Мадрид не попушта!

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да плати вкупно 70 милиони евра за да го купи Ендрик од Реал Мадрид, но шпанската екипа засега не попушта во преговорите.

„Росонерите“ сериозно ја разгледуваат можноста за ангажман на 20-годишниот Бразилец во зимскиот преоден рок, а подготвени се да понудат 60 милиони евра фиксна сума и дополнителни 10 милиони преку бонуси.

Сепак, Реал Мадрид не сака лесно да се откаже од играчот во кој вложи значителни средства и од кого очекува многу во иднина.

„Кралевите“ сакаат да вметнат откупна клаузула од 85 милиони евра, доколку во иднина се решат да го откупат од Милан, но засега ништо не е решено и преговорите продолжуваат.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.