Берокал ги избра кошаркарите: Македонија со најсилните адути ќе го нападне Кипар

Селекторот на машката кошаркарска репрезентација на Македнија, Жозеп Марија Берокал го избра составот од 12 кошаркари за дуелот против Кипар, кој се игра во рамки на втората фаза од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Македонија ќе може да смета и на Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт, кои им се приклучија на колегите во завршницата од подготовките за овој дуел.

Конечниот состав на Македонија:

  1. Ненад Димитријевиќ
  2. Виктор Ташовски
  3. Виктор Ефремовски
  4. Војдан Стојановски
  5. Лука Стојановски
  6. Адем Мекиќ
  7. Стојан Ѓуроски
  8. Резарт Мемед
  9. Тома Стојаноски
  10. Андреј Маслинко
  11. Дамјан Робев
  12. Мозес Рајт

Натпреварот се игра вечерва од 18 часот во салата „Лазар Лекиќ“ во Скопје, а пренос ќе врши „МРТ1“.