Полиција влезе во пабот со македонски навивачи, но - песната не престана! (ВИДЕО)

Македонските навивачи рано го окупираа Стариот ирски паб во Копенхаген кое е зборното место на Фалангата, а во посета дојде и данската полиција.

Полицајците само констатираа дека атмосферата е позитивна и нема простор за инциденти, по што си заминаа. Навивачката песна не престана да ечи и во нивно присуство.