И Мбапе му дели памет на Анчелоти: Нејмар ќе оди на Светско!
Италијанецот не го повика Нејмар за мартовските дуели, а потоа се случија лавина од изјави како ѕвездата мора да биде на списокот.
Последен кој се јави е Килијан Мбапе кој му беше соиграч и на Нејмар во ПСЖ.
„Нејмар е Нејмар. Светското првенство е за светски ѕвезди и тој ќе биде таму. Не можам да го замислам Мундијалот без Неј, но не одам против Анчелоти. Сигурен сум дека Неј ќе биде подготвен“, рече Мбапе.