Четири нови правила кои ќе ја забрзаат играта на Светското првенство!
Овие правила се очекува потоа да почнат да се применуваат и на останатите натпреварувања.
- Фудбалерот кој треба да биде заменет мора да излезе од игра за 10 секунди, во спротивно тој што треба да влезе ќе чека една минута пред да се вклучи во игра.
- Аутите и гол-аутите мора да се изведат за пет секунди, во спротивно топката ќе ја добие противникот.
- Фудбалерите кои добиле медицинска помош, мора да излезат од теренот и да бидат надвор една минута пред два влезат во игра.
- ВАР ќе може да реагира и за втор жолт картон и за корнер доколку се работи за јасна и очигледна грешка.