Навивачите од Македонија и Данска одиграа пријателски меч - паднаа дури 12 голови!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ѝ гостува на Данска во Копенхаген од 21 часот, а пред натпреварот се соочија и навивачите на двете селекции.

Во одлична атмосфера, Данска славеше со 8-4 против Македонија, но резултатот падна во втор план поради спортскиот дух и дружењето меѓу навивачите.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра вечерва на „Паркен“ од 21 часот.