Колона ирски навивачи чекаа да се отвори паб во Прага (ВИДЕО)

Голем број ирски навивачи пристигнаа во Прага за натпреварот меѓу Чешка и Ирска во полуфиналето на баражот за пласман на Светското првенство (СП), а утрово беше забележана интересна сцена.

Навивачите од Ирска направија огромна колона и чекаа пабот да отвори во 9 часот за да можат да влезат во него.

Натпреварот меѓу Чешка и Ирска се игра вечерва во Прага од 20.45 часот.