Олисе по хет-трикот против Унион Берлин доби подарок од Нејмар и пофалби од Кејн (ВИДЕО)

Мајкл Олисе го заокружи извонредниот месец пред септемвриската репрезентативна пауза, постигнувајќи го својот прв хет-трик во дресот на Баерн Минхен во убедливата победа на домашниот тим со дури седум постигнати голови против недораснатите гости од Унион Берлин.

Францускиот интернационалец, чиј вонсериски потенцијал по одличната сезона во Кристал Палас веќе трета година се развива во редовите на баварскиот гигант, веднаш по натпреварот доживеа необично изненадување. Познатата новинарка Изабела Паљари му врачи на Французинот дрес од Нејмар, придружен со пригодна порака од бразилскиот ас, кој претходно во текот на неделата се збгува од настапите за националниот тим.

Откако се фотографираше со подарокот од Бразил, Олисе му возврати на Нејмар на истиот начин, гест кој ја покажа неговата големина како спортист и скромен човек кој знае да го цени вниманието од другите. Тој истата вечер доби големи пофалби и од својот соиграч Хари Кејн. Англискиот напаѓач, чии голови беа плод токму на асистенциите од Французинот, со избрани зборови се обрати за својот колега од нападот.

„Тој е толку добар карактер. Неверојатен играч. Секој има свој единствен начин на играње фудбал и однесување надвор од теренот. Вистинско уживање е да се игра заедно со него“, изјави Кејн по натпреварот против Унион Берлин.