Инфантино под нов притисок: Англија бара одговори за пропаднатиот план од 4,2 милијарди долари
Претседателката на англиската ФА и потпретседателка на ФИФА, Деби Хјуит, испратила барање до Инфантино за објавување на сите материјали поврзани со проектот „ФИФА Форвард Ентерпрајз“.
Планот предвидуваше ФИФА да донесе околу 4,2 милијарди долари од надворешни инвеститори преку продажба на приближно 20 отсто од новоформираната компанија.
Инфантино во август се откажа од проектот по силниот отпор. Сепак, УЕФА веќе побарала пристап до документацијата преку правни постапки во САД, додека нејзиното раководство јавно изрази губење доверба во претседателот на ФИФА.
Барањата доаѓаат пред следната седница на Советот на ФИФА, закажана за 15 октомври, на која повторно би можело да се отвори прашањето за пропаднатиот проект и начинот на неговото создавање.