Варела со два гола ѝ донесе радост на Монца против Сасуоло!

Фудбалерите на Монца триумфираа со 2-1 против Сасуоло во петтото коло од Серија А, додека натпреварот го одбележа Густаво Варела.

Сите три погодоци беа постигнати во второто полувреме, а Варела стрелаше за Монца во 51. и 63. минута од натпреварот.

Сасуоло успеа да намали на 1-2 преку Аџиќ во 88. минута, но гостинскиот тим немаше сила за втор погодок и спас од пораз.

Фото: Facebook/AC Monza