Рафиња ги реши дилемите за неговата иднина!

Капитенот на Барселона, Рафиња реши да го прекине молкот по шпекулациите за неговата иднина, при што посочи дека сака да се пензионира во каталонскиот гигант.

Рафиња кажа дека неговата желба е да остане во Барселона и не планира да замине, односно очекува преговори за нов договор.

„Имам договор до 2028 година, а имам и одличен почеток на сезоната, па би сакал да ја продолжам соработката на уште неколку години и да ја завршам кариерата во Барселона“, кажа Рафиња.

Рафиња пристигна во каталонскиот тим во 2022 година од редовите на Лидс.

Фото: Confederação Brasileira de Futebol