Манчестер јунајтед тоне, но Керик смирува: Ова не е катастрофа или дебакл!
„Црвените ѓаволи“ беа поразени од градскиот ривал Манчестер сити со 0-1, а потоа на „Олд Трафорд“ загубија од Брајтон со 2-3 во Купот.
„Ова не е катастрофа или дебакл, не е крај на светот. Загубивме неколку натпревари, но не сме во ситуација во која имаме долга серија ужасни резултати“, кажа Керик.
Керик ја презема и одговорноста за резултатите, нагласувајќи дека не сака да бара виновници.
„Обвинете ме мене, немам проблем со тоа. Ќе ја преземам одговорноста. Не станува збор за барање виновник, туку за пронаоѓање решенија“, порача Карик.
Јунајтед по четири одиграни натпревари во Премиер лигата има само четири освоени бодови.
Фото: Manchester United /Facebook