Шкендија го реши Башкими и им се врати на победите, „нула“ во Кратово (ВИДЕО)

Лидерот во ПМФЛ, екипата на Шкендија по два натпревари им се врати на победите откако на свој терен во рамките од осмото коло го совлада Башкими со 4-1.

Тетовци во најголем дел од натпреварот беа подобар противник и заслужено ги освоија бодовите. Резултатот го отвори Нзенгуе по 16 минути игра. Башкими кој покажа дека може да биде опасен по неколку пропуштени шанси мрежата на домаќините ја погоди преку

Исмаили во 42-та минута. Шкендија сепак обезбеди водство пред паузата, засилувањето од Косово, Криезију во судиското продолжение го постигна својот првенец во македонскиот фудбал за 2-1.

Во вториот избраниците на Положани не дозволија посериозни шанси пред својот гол и со головите на Тамба и Трумчи го поставија конечниот резултат.

Вториот натпревар кој се играше во Кратово помеѓу Силекс и Тиквеш заврши без погодоци.