Јамал за „Златната топка“: Зошто да мора да е некој од ПСЖ?
Јамал, слично како Килијан Мбапе, одлучи да се насочи кон самопромоција и не крие дека се смета за фаворит за престижното признание кое минатата година заврши кај Осман Дембле.
Тој објасни зошто не е неопходно повторно некој од Пари Сен Жермен да биде прогласен за најдобар.
„Проблемот сега е што луѓето им придаваат значење на работи кои не ја носат „Златната топка“. Кога велат дека играч на ПСЖ мора да ја освои бидејќи ја освоиле Лигата на шампионите... Кога ќе ја освоите Лигата на шампионите, го добивате трофејот од тоа натпреварување, кој е наменет за најдобриот тим, тоа е наградата која ПСЖ веќе ја има. Сосема друга работа е тоа што во ПСЖ игра најдобриот фудбалер на светот. „Златната топка“ мора да му припадне на најдобриот играч на светот и тоа е тоа. Не на играчот кој едноставно ќе постигне 80 гола, бидејќи за 80 гола се добива наградата за најдобар стрелец во сезоната“, изјави Јамал и продолжи:
„Тоа се различни работи кои луѓето не ги разбираат. Најдобар играч на светот е оној во чија игра уживате додека го гледате, некој кој се разликува од сите останати Кога таа награда ќе му припадне на најдобриот, а не на оној кој постигнал најмногу голови или освоил најмногу титули, дури тогаш повторно ќе ја добие својата вистинска вредност“, истакна Јамал.