Познат е датумот за спектаклот помеѓу Фјури и Џошуа?
Според боксерскиот новинар Ден Рафаел, настанот би требало да се одржи на стадионот „Принципалити“ во Кардиф, кој има капацитет за повеќе од 80.000 гледачи.
Рафаел тврди дека преговорите сè уште не се целосно завршени, бидејќи организаторите треба да ги решат преостанатите административни обврски и да ги обезбедат потребните дозволи.
Претходно во опција беа и датумите 28 ноември и 4 декември, а до неодамна 28 ноември се сметаше за најверојатна опција.
„Според извор директно вклучен во преговорите, доколку сè биде целосно договорено, Џошуа и Фјури ќе се борат на 11 декември во Кардиф. Ќе биде потребно уште малку време за решавање на бирократските процедури и добивање на потребните дозволи“, објави Рафаел.
Новинарот за првпат ја посочи можноста борбата да се одржи во Кардиф на 10 септември, а според неговите информации, со промената на локацијата се согласил и Нетфликс.
„Принципалити“ има капацитет од повеќе од 80.000 места, како и подвижен покрив, што овозможува организација на голем настан независно од временските услови.
Фјури и Џошуа со години се меѓу најпознатите имиња во британскиот бокс, а разговорите за нивна меѓусебна пресметка во неколку наврати стигнуваа до завршна фаза. Сепак, официјална потврда за борбата сè уште нема.