Девет дебитанти и неколку изненадувања: Манчини го објави списокот со фудбалери (ФОТО)

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го објави првиот список по враќањето на функцијата во Италија, а на списокот за натпреварите во Лигата на нации има дури девет нови имиња, но и неколку фудбалери кои повторно ќе го облечат дресот на „аѕурите“.

Меѓу дебитантите се голманот Масимо Песина од Болоња, дефанзивците Даниеле Гилјарди и Мајкл Кајоде, Еди Куадио, средниот ред го пополнуваат Алесандро Романо и Иса Думбија, додека во нападот се Себастијано Еспозито, Антонио Вергара и Мохамед Али Зома.

Внимание привлече и враќањето на Николо Фаџоли и Николо Заниоло, кои последен пат настапија за Италија во октомври 2024 година

Манчини ќе има сериозен тест уште на самиот почеток од новиот мандат затоа што „аѕурите“ во краток период играат четири меча во Лига на Нации, и тоа против Белгија, Франција и двапати со Турција.

Фото: Facebook/Nazionale Italiana di Calcio