Кожув претстави ново засилување: Американец пристигна во Гевгелија!

Македонската екипа Кожув претстави ново засилување, а станува збор за американскиот кошаркар Најџел Бурис.

Бурис настапува на позицијата центар, а висок е 201 см и зад себе има четири години кошарка на колеџ во САД, каде што играше за Универзитетите Ајдахо, Јута Стејт и Вебер Стејт.

Минатата сезона настпаи на 32 натпревари за Вебер Стејт при што во просек постигнуваше по 10,3 поени и 4,9 скокови по натпревар.