Признание за Македонецот: Гаштаров е трет најдобар млад фудбалер за врска во Европа!

Младиот фудбалер на Црвена Звезда и македонски репрезентативец, Матеј Гаштаров, продолжува да привлекува големо внимание на европската фудбалска сцена, откако доби огромно признание од Меѓународниот центар за спортски студии (ЦИЕС), кој го рангираше меѓу најдобрите млади играчи за врска во Европа.

Одличните перформанси на големиот македонски талент се јасна потврда дека националниот тим добива сериозно засилување во средниот ред за иднината, што ја оправдува и одлуката на селекторот Гоце Седлоски да му упати повик за репрезентативните настапи. Според најновата опсежна анализа на ЦИЕС, Гаѓтаров се наоѓа на третото место меѓу фудбалерите од средниот ред на возраст до 23 години, базирано на учинокот остварен во водечките европски лиги.

Тој оствари индекс од 1,58, што му носи место на подиумот во ова престижно рангирање. Пред него на листата се најдоа само Џивал Зишел од редовите на Феенорд и Кодаи Сано, кој настапува за ПСВ Ајндховен.