Девојката на кошаркар на Јута избрана за Мис на САД, неговата реакција е – урнебесна (ВИДЕО)

Кошаркарот на Јута џез, Вокер Кеслер, кој важи за еден од најперспективните центри во НБА, на урнебесен начин го прослави успехот на својата девојка Аби Стокард, која беше крунисана за Мис на САД.

Тој го следеше изборот за најубава девојка во друштво на тренерот Вил Харди, а по прогласувањето на Аби за победничка, тој имаше уникатна реакција станувајќи и шетајќи низ ресторанот од возбуда. Двојката се запознала на Универзитетот Обурн, каде што Кеслер играл кошарка, а Стокард била чирлидерка. Нивната врска трае оттогаш, израснувајќи во љубовна приказна која сега ја следи пошироката јавност.

Кеслер, кој настапи за селекцијата на САД на последниот Мундобаскет пред две години, беше избран како 22-ри пик на НБА драфтот во 2022 година и се најде во најдобрата дебитантска петорка. Во својата трета сезона бележи импресивни статистики од 10,4 поени, 11,3 скока, 1,7 асистенции и 2,5 блокади по натпревар. Тој е втор најдобар блокер во лигата зад Виктор Вембањама и седми најдобар скокач.