Нов рекорд во Премиер лигата: Вакво нешто не се случило никогаш претходно (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Фулам и Ипсвич во 20. коло од Премиер лигата заврши без победник 2-2, а ќе остане запаметен по еден несекојдневен статистички податок.

Во текот на средбата беа досудени дури три пенали, а два беа изведени во период од само 21 секунда ефективна игра и тоа е нов рекорд во Премиер лигата.

Раул Хименез беше клучен за Фулам постигнувајќи ги двата гола за домаќините од белата точка, додека за Ипсвич погодуваа Семи Смодич и Лијам Делап. Хименез првиот пенал го реализираше во 69. минута, додека Делап изедначи само две минути подоцна во 71. исто така од белата точка.

Меѓутоа она што овој натпревар го запиша во историјата е што помеѓу двата пенали имаше само 21 секунда игра и такво нешто никогаш претходно не се случило.