Пресврт во Добридол: Бабунски замина од Беса без ниту еден натпревар

Неодамна екипата на Беса потврди дека Бобан Бабунски ќе го води тимот во вториот дел од сезоната, но сепак тоа нема да се случи

Беса објави дека Бабунски заминува од клубот и тоа без ниту еден натпревар на кормилото. Според објавата на клубот од Добридол причината е сменетиот став на Бабунски за претходно договорените услови.ж

„По несогласувањата и промената на ставот на тренерот клубот ја прекина соработката“, стои во објавата на Беса.

Од засега не информираат кој ќе биде новиот тренер, но потврдуваат дека подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе стартуваат на 10 јануари.