Поранешната ѕвезда на Серија А ќе игра футсал, потпиша за третолигаш

Белгиецот Раџа Наинголан не ја завршил својата кариера, но е без ангажман откако во текот на изминатото лето се раздели со индонезискиот Бајангкар, а сега ќе игра футсал.

По неколку месеци без клуб се одлучи да игра футсал и потпиша за клубот од белгиската трета лига, Хасани Мечелен. Станува збор за клуб кој се наоѓа во близина на Антверп, неговиот роден град. Наиголан веќе одигра неколку неофицијални натпревари за овој тим минатата година, но сега е регистриран како член на тимот.

Долго време Наинголан играше на високо ниво, меѓутоа си правеше проблеми и со својот контроверзен карактер.

Во кариерата го носеше дресот на: СПАЛ, Антверп, Интер, Рома, Каљари и Пијаченца, а во најдобрите денови вредеше 45 милиони евра.