Фудбалер на Ајакс доби црвен картон, но остана на теренот

Фудбалерите на Штутгарт и Ајакс денеска одираа пријателски натпревар кој заврши без победник 2-2.

Германскиот тим лесно поведе со 2-0 со головите на Ангел Стилер и Крис Фухрич по 20 минути игра, но потоа Ајакс се врати со погодокот на Џеф Чабота во 52. минута и автоголот на Чубе Акпом во 86.

Натпреварот го одбележа и ситуацијата од 56. минута кога фудбалерот на Ајакс, Деви Класен доби директен црвен картон десет минути по влегувањето во игра. Сепак, без разлика што доби црвен картон, тој остана на теренот.

Двајцата тренери се договорија дека е подобро да продолжат со по 11 фудбалери на теренот за пријателскиот натпревар да има смисла. Со тоа се сложи и главниот судија, па Класен го заврши натпреварот.