Далиќ успешно опериран во Загреб

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ имал успешна операција на колкот во болница во Загреб.

Операцијата била рутинска и истата поминала без никакви проблеми, а најновите информации на „Спортске новости“ се дека Далиќ ќе има кратка рехабилитација пред да продолжи со активностите.

Далиќ се очекува да се врати до собирот на репрезентацијата за Лигата на нации, кој е закажан за 17 март.