Загреб го продаде Србинот што нокаутираше хрватски репрезентстивец!

Ракометарот на Загреб, Милош Кос кој направи скандал по деветото коло во Лигата на шампионите и го нокаутираше хрватскиот ракометар, Матеја Мандриќ кариерата ја продолжува во Бундеслигата во екипата на Ерланген.

При заминувањето од Загреб, Кос испрати и извинување за инцидентот кој се случи пред повеќе од еден месец.

„Би сакал да ја известам ракометната и целата јаност дека во новата календарска година ќе го облечам дресот на бундеслигашот Ерланген. Покрај неколку опции кои ги имав од Бундеслигата, остатокот од Европа и Азија го избрав Ерланген и сметам дека тоа е најдобриот тим за мој напредок. Заминувањето во најквалитетната лига во светот е остварување на сонот на секој млад ракометар. Тоа е и сатисфакција за големата работа која ја вложив во својата кариера, но и резултат на посветеност на сите луѓе кои ми помогнаа да дојдам до ова ниво.

Се надевам дека 2025 година ќе биде подобра од претходната. Зад мене е тежок период во кој имав и време за преиспитување и каење за постапките кои ги направив. Ја користам оваа прилика јавно да се извинам, пред се на мојот пријател и дечко со кој растев, какво во Љубишки, така и во Загреб, Матеја Мандиќ. Му посакувам брзо опоравување и се надевам дека ќе биде спремен да се врати и да направи голема кариера каква што заслужува. Би сакал да се извинам и на своите поранешни соиграчи, но и да се заблагодарам на поддршката која ја добивав од првиот ден кога го облеков дресот на Загреб. Им благодарам на луѓето во клубот, сите тренери и навивачи на се во претходните две години. Загреб го чувствував како свој клуб, место каде што добив прилика да играм со најдобрите и можам да ја разберам разочарувањето и лутината по се што се случ иво соблекувалната тој ден по натпреварот со Нант.

Направив грешка. Тоа е воедно и голема животна лекција од која имав што да научам. Имам 22 години и пред мене се многу сезони во кои ќе се обидам да бидам запаметен како добар спортист, но пред се човек“, порача Мандиќ.