Tри пенали и реми на Фулам и Ипсвич на „Крејвен Котиџ“ (ВИДЕО)
Ипсвич на гостувањето кај Фулам допатува откако во минатото коло го изненади Челси, а денес одиграа уште еден солиден натпревар.
Фулам беше подобар противни во првото полувреме и создаде повеќе прилики. Сепак, Ипсвич искористи една од своите ретки посериозни прилики и преку Смодич дојде до водство.
Во второто полувреме Ипсвич заигра нешто подобро, но сите три гола во овој период беа постигнати од пенали. Прво Хименез донесе изедначување во 69. минута, но само две минути подоцна на ист начин Делап одново ја врати предноста на гостите.
Конечните 2:2 со третиот гол од пенал ги постави Хименез со својот втор на средбата во 91. минута.