Теодор Симиќ останува во македонското првенство, се пресели на југот

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ официјално има нов клуб, една недела откако ја прекина соработката со ТФТ.

До крајот на сезоната, тој ќе игра за тимот на Кожув кој ќе биде негов втор клуб во земјава, по неколкуте години поминати во странство. Симиќ денеска се појави на првиот тренинг на гевгеличани во новата година и ги почна подготовките за вториот дел од сезоната во која Кожув е со големи амбиции.

Во тимот на ТФТ, Симиќ настапи на шест првенствени натпревари со по 7,2 минути и ефект од 3,2 поена и 1,5 скока.