Драма во Бризбејн: Ѓоковиќ и Кирјос беа пред победа, па доживеаа елиминација!

Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос го завршија настапот во двојки на турнирот во Бризбејн откако подобри од нив беа Никола Мектиќ и Мајкл Венус.

Лошо влегоа во мечот Ѓоковиќ и Кирјос и во првиот сет освоија само два гема, па противниците го добија со 6-2. Сепак, во вториот успеаа да се вратат во игра и возвратија со 6-3 за израмнување.

Решавачкиот последен сет во Бризбејн се игра до десет поени и тука имаа предност оод 8-6, но потоа со четири загубени поени во низа дозволија противниците да направат пресврт до 10-8 и да слават конечна победа.