Германци влегуваат во Тиквеш, ќе спонзорираат со еден милион евра!

Македонскиот прволигаш Тиквеш наскоро ќе добие нов инвеститор, односно Германци до крајот на март ќе спонзорираат со еден милион евра.

Градоначалникот на градот Кавадарци, Митко Јанчев на последната седница на советот кажа дека германски инвеститор ќе помогне на Тиквеш, а за возврат ќе добие 50 отсто од акциите.

Остатокот од акциите, односно останатите 50 проценти, ќе останат на општина Кавадарци која исто така ќе има контрола на случувањата во прволигашот.

Тиквеш во моментов се наоѓа на 10. место во Првата лига со 18 бодови, па до крајот на сезоната ги чека битка за опстанок во елитата.