
Фудбал само за богати: Билетите за Мундијалот во САД се продаваат по рекордни цени
Ова ќе биде прво Светско првенство со 48 репрезентации и дури 104 одиграни натпревари, што го прави најголемиот спортски настан.
Продажбата на билети веќе започна, а цените се движат во рекордни рамки. Така, за место покрај теренот на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, каде ќе се играат осум натпревари, цената на пакет-билетите изнесува неверојатни 73.200 американски долари.
ФИФА нуди и опција „Follow my team“, односно пакети за навивачи кои сакаат да ја следат својата репрезентација. На пример, ако некој сака да ги проследи првите четири натпревари на Шпанија, ќе треба да издвои околу 9.000 долари по лице.
Според информациите на британскиот „Атлетик“, просечната цена на билетите за групната фаза ќе изнесува околу 305 долари по натпревар. Овие цени, секако, ќе растат како што турнирот ќе напредува кон елиминациските рунди.
Очекувањата се дека интересот ќе биде огромен, па така и влезниците ќе се продаваат по високи цени.
Фото: FIFA/X